Томовски го спасува Лудвигсхафен

Мартин Томовски со брани во најдобрата форма во својот живот. Неколку натпревари по ред е главен на теренот, а сега е блиску втор пат да биде во тимот на колото.



Ако Лудвигсхафен опстане сезонава во Бундес лигата, треба со шпалир или на раце да го крене македонскиот голман пред да си замине од клубот и да се врати во Македонија. 

Неколку натпревари по ред, Мартин Томовски е главниот на теренот кога игра Лудвигсхафен, а по денешниот перформанс и победата над директниот ривал Балинген, блиску е втор пат месецов да биде во тимот на колото, ако не и во тимот на месецот. 

Томовски денеска имаше 17 одбрани од кои 4 пенали или фантастични 47.2 % одбранети удари. Практично секој втор шут на Балинген беше негова интеревенција. Балинген пеше поразен, а сега на табелата разликата меѓу нив или со други зборови за последното место што обезбедува опстанок е само еден бод. До крајот има уште по шест натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk