ИН МЕМОРИАМ: РИСТО НАЧЕВСКИ

Уште една тажна вест ја погоди ракометната јавност. Почина Ристо Начевски, поранешен македонски ракометен судија и подоцна делегат. 
Начевски беше познат македонски судија кој судеше во пар со Марјан Огњановски и со Душко Камишевски, а подоцна стана и делегат. Последните неколку години не беше активен во ракометниот спорт, но остави свој печат во македонскиот ракомет. 
Погребот ќе се изврши утре (31.05) на градските гробишта Бутел во 12:00 часот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk