ХАОС НА ТАБЕЛАТА: Кој ќе остане во Супер лига?

Шеснаесет екипи во Супер лига за едни е лошо за други е добро, но никој не може да го оспори, обезвредни или маргинализира фактот дека годинава се игра едно од резултатски најинтересните првенства досега. 


Во Плеј аут, околу шампионската титула, нема неизвесности, туку Вардар е се уште доминантен, иако и тие запишаа пораз во првенството и до последно коло нема да ја заверат титулата. Затоа пак битката за Европа е жестока и дури во последните две кола ќе се знае кој ќе игра во Куповите. 
Во оспоруваниот Плеј аут, на две кола до крајот разликата меѓу првиот и петтиот е само четири бода, а водечките екипи губеа бодови и од шесто и седмопласираниот. Единствени кои комплетно потфрлија се струмичани. 

Денеска, во претпоследното коло почнува финалната разврска за тоа кој ќе остане во Супер лигата и следната сезона, а кој ги губи шансите.

Голден Арт КЛ7 против Радовиш и Тиквеш против Работнички се двата натпревара што можат да ја пресечат трката за првото и второто место како главни премии од Плеј аут и третото место во вид на утешен бараж за опстанок. Вечерва и Прилеп би можел убаво да профитира од гостувањето во Богданци. 
Реално сценарио е и тоа во кое се можни порази на водечките по што во последното коло ќе биде тотално хаотична битка за живот на пола од лигата. 

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ:

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ АУТ – 30.05.2021 – НЕДЕЛА
(19:00 часот) РК МЛАДОСТ 1977 – РК ПРИЛЕП
(19:00 часот) ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК РАБОТНИЧКИ
(19:00 часот) РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – РК ЈУНИОР К.В
(19:00 часот) ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК РАДОВИШ



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk