Ритовска доби(ва) нов тренер во ЦСКА

Новиот руски шампион ЦСКА Москва, следната сезона ќе има нов тренер. На местото на Олга Акопјан доаѓа стратег од Романија.



Се потврдија најавите дека тренерот на Влчеа, Флорентин Пера ќе биде новиот стратег на ЦСКА Москва. Тој со работа почнува од први јули. 



ЦСКА Москва во текот на сезоната, во моментите кога беше 1/4 финалист на ЛШ и трет во Русија го смени Јан Лесли, данскиот тренер со кој ја почна сезоната и на неговото место дојде Олга Акопјан, сопруга на директорот на клубот инаку поранешна ракометарка на Динамо Волгорад која македонската јавност можеби ја памети како Олга Левина. 

Под водство на Акопјан, ЦСКА се пласираше на Ф4, а во Русија стана шампион и тоа се резултати за респект. Но, беше потврдено дека таа е преодно решение, а на дуелот со од Ф4 во  Будимпешта, вчера со Кристијансанд барем за од наш агол, видливо беше дека на овој клуб му е потребен тренер со поголемо искуство за остварувањето на амбицијата да биде европски шампион. 

ЦСКА вчера пропушти златна шанса за пехар во ЛШ, а тоа е елиминацијата на Ѓер. Но, подвлечено, Кристијансанд беше подобриот противник. Со Флорентин Пера на кормилото, можеби екипата ќе биде составена и ќе игра поинаку. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk