Ристовска без финале, ЦСКА елиминирана

Кристијансанд - ЦСКА  33-30 (18-12)
Рајстад 10, Локе 5, Арнцен 5 - Ведјохина 7, Скоробогаченко 5, Иљина 5



По големата битка меѓу Брест и Ѓер, на ред дојде дуелот меѓу ЦСКА и Кристијансанд, кој за жал, барем гледано од агол дека во ЦСКА игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, не беше ни налик на првото полуфинале. 

ЦСКА беше тактички надигран тим и по првите петнаесетина минути во кои беше рамноправно, веќе немаше решенија. Неискусниот тренер Олга Акопјан немаше идеја како да го разигра својот тим, ЦСКА играше многу индивидуално, побавно и на моменти нерешително, а искусниот норвешки состав во кој се ветеранките Локе, Лунде, Суланд и Морк, ги ловеше нивните грешки и шутеви од дистанца и постигнуваше лесни голови. Од наш агол не се прослави ниту норвешкиот тим со играта, но ja имаа расположената Хана Рејстад (10/13) која постигнуваше голови и кога немаше некои акции и иако има само 22 години, беше играчот на кој во тешкото се потпираше норвешкиот состав. 

Кристијансанд имаше и осум гола предност во текот на мечот (22-14), а ЦСКА единствено во вториот дел, искорсти едно исклучувања и играње без голман, со поддршка од голманот и 5-1 одбраната направи серија од 3-0 и се врати на минус три (21-24), на 15-тина минути до крајот.
Но, Оле Густав Гјекстад веднаш побара тајм аут, ја смири својата екипа, одиграа две акции со кои се вратија на плус пет и потоа го контролираа резултатот до крајот. 

ЦСКА и покрај се имаше во неколку наврати шанса, барем да се закани, но кога најмногу имм требаше промашуваа чисти зицери, односно Лунде бранеше се. 

Сара Ристовска постигна еден гол од еден обид, а и за тој погодок мораше да крева раце и да бара топка. Едноставно, напаѓачите на ЦСКА не гледаа на десната страна, па и Ристовска иако многупати ја видовме сама во кадар, едноставно беше невидлива за своите соиграчи од нападот, напад што беше насочен кон средината и без многу идеи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk