Падна Ѓер! Брест во финале на ЛШ

ЃЕР - БРЕСТ   25-27 седмерци (20-20, 23-23)

По три титули една по друга, Ѓер се симна од шампионскиот трон попладнево.




Прво домашната, сега и европската титула заминуваат од Ѓер. Попладнево, Брест од Франција ја расплака полупразната Ласло Пап Арена. 

Неверојатен меч одиграа Ѓер и Брест, достоен за големото финале, на крајот се радуваа француските ракометарки, откако подобро изведуваа пенали. 

Брест е во финалето на ЛШ каде што ќе го чека победникот од дуелот ЦСКА - Кристијансанд. Наполно заслужено, водеа во текот на целиот прв дел, имаа во неколку наврати и три гола предност, но во второто полувреме имаа период од 14 минути без гол по што Ѓер се врати во игра и беше блиску по 60 минути да го реши победникот. 
Вистинска драма се одигра во последната минута кога Брест при минус 19-20, пропушти зицер контра, а потоа иако освои топка и ја фрли буквално во раце на Аморм и екс кометалката изнуди седмерец. 
Вистинскиот трагичар на Ѓер е легендата Анита Горбиц која го промаши пеналот за финале, односно Сандра Тофт и одбрани. 

Немаше победник по продолженија, па се изведуваа пенали. Лора Глосе, голманот на Ѓер го одбрани првиот пенал и тоа на најдобриот стрелец во ЛШ - Ана Грос. Но, и најсигурниот егзекутор на Ѓер, Вероника Кристијансен, во првата серија го промаши голот. 
Решавачки беше одбранетиот пенал на Клео Дарло, која беше поуспешна од сонардоничката Ензе Минко. Во последната серија, Изабел Гулден погоди и го однесе Брест во финале. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk