Одложено е денешното коло во Супер лигата

Денеска нема да се игра суперлигашки ракомет во Македонија. РФМ одлучи не само мечот меѓу Струга и Охрид туку да не се игра комплетното коло во Плеј оф.



Поради трагичниот настан, смртта на голманот Никола Даниловски, денеска нема да се игра суперлигашки плеј оф ракомет во Македонија. 
Во прв момент беше одлучено да не се игра само езерското дерби меѓу екипите на Охрид и Струга, но подоцна РФМ одлучи сите денешни натпревари да бидат одложени. 

Никола Даниловски беше другар со многу ракометари со сите клубови и малку на кој денеска ќе му биде до играње. Комплетното Плеј оф коло ќе се игра во понеделник, со почеток од 19:00 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk