Денеска почнува „Ф4“ Будимпешта

„Ласло Пап Арена“, денеска по седми пат откако е инсталиран Фајнал фор форматот во Лигата на шампионите ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи во Европа.



Ѓер против Брест (15:15 ч) и Кристијансанд - ЦСКА Москва (18:00) се двата премиерни дуела на годинешниот Фајнал фор во женска конкуренција. 
По седми пат во Будимпешта, четирите најдобри тима ќе се борат за шампионскиот пехар. Меѓу нив се и петкратниот шампион Ѓер, екипа која е последниот европски првак (2019). 
За прв пат ЦСКА Москва, дебитантот во ЛШ стигна до „Ласло Пап“, а меѓу нив и нашата репрезентативка Сара Ристовска, единствениот македонски претставник на овој турнир. Сара ја надмина повредата и е во ростерот за денешниот меч.

Едуарда Аморим Талеска и Амандин Лејно, се пак, двете ракометарки што сме ги гледале и во македонското првенство, а сега со други екипи ќе ги гледаме во битка за појасот што не успеаја да го освојат со нашите екипи. 

На „Ф4“ ќе играат два тима што неодамна сменија тренери. Мартин Амброс е старо-ново име во Ѓер. требаше да дојде од јуни, но загубената титула во домашното првенство го натера Ѓер да го забрза овој процес. 
Во Москва, пак, неочекувано пред еден месец шанса да биде прв тренер доби Олга Акопјан, но и таа заминува а би требало да ја наследи тренерот на Ростов или тренерот на Влчеа.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk