Густ распоред? Кажете му го тоа на Алборг

Ако некогаш слушнете дека клуб се жали на густ распоред, помислете на тоа што „без да каже збор“ во јуни го игра данскиот шампион Алборг.



Екипата на Алборг, како што кај нас е веќе стана пракса да се нарекува или Олбор како што е исправно според македонскиот правопис, следната сезона ќе го направи првиот чекор кон трансформација во нов скандинавски дрим тим. Годинава предводен од Клар, Мелгард и Сандел, догодина со Палмарсон, од 2022 со Микел Хансен и уште којзнае колку други ѕвезди. 

Годинешните ѕвзди на Алборг заслужуваат статус „спартанци“ со оглед на тоа дека успеаја да стигнат до Фајнал Фор во Келн, а додека да истрчаат во „Ланксес“ сезоната им подготви специјалитет што тешко ќе го проголтаат. 

Засега дисциплинирано и без многу врева го прифаќаат распоредот, иако човечки е да ги слушнеме да кренат глас. 
Распоредот на Алборг е следниов:
2 јуни - Финале на Дански Плеј оф - прв меч
8 јуни - Финале на Дански Плеј оф - втор меч
12 јуни - Ф4 на ЛШ - полуфинале
13 јуни - Ф4 на ЛШ - финале/меч за трето место
16 јуни - Финале на Дански ПЛеј оф (можна мајсторка)
19 јуни - Полуфинале на Куп на Данска
20 јуни - Финале на Куп на Данска (можен меч)
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk