Ѓер ќе бара вајлд карта за ЛШ

Нов шампион на Унгарија е ФТЦ Будимпешта, клубот што во 2002 играше во финалето со Кометал Ѓ. Петров. 



ФТЦ Будимпешта, клубот што во 2002 играше и загуби од Кометал Ѓ. Петров во финалето на Лигата на шампионите е новиот државен првак на Унгарија. 
Овој клуб го „фати“ на спиење неприкосновениот Ѓер и успеа да излезе победник, а со тоа и да го верификува пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. ФТЦ математички стана првак вчера, откако го совлада тимот на МТК и го доби победничкиот пехар. 
Шест години траеше неприкинато доминацијата на Ѓер кој во моментов има 15 шампионски титули во Унгарија. 

Благодарение на „тактизирањето“ на ЕХФ и распределбата по ранкинг во Европските купови, сезонава одново имаме апсурдна ситуација. 

Ѓер е трипати по ред европски шампион, а годинава игра Фајнал фор на свој терен и има најголеми шанси меѓу конкурентите на Ф4 што почнува денеска одново да се искчаи на тронот. 

Но и да стане европски првак, Ѓер следната сезона нема да има директно место во Лигата на шампионите. Ќе мора да бара вајлд карта, затоа што во распределбата на местата пласманот во ЛШ за место плус не игра улога. Таква улога игра рејтингот во ЕХФ Куп, вториот по сила Куп. А таму, иако во ЛШ немаат екипа, ниту пак игра некоја многу важна улога, како и лани, веројатно Данска ќе биде најдобро-рангирана и ќе добие две места во Лигата на шампионите. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk