Следната сезона 12 држави ќе тестираат промена на правила во ракометот. Шведска се пријави како 13-та да ја тестира казната за „шут во лице“.
Швеѓаните решија да не чекаат. Иако не беа на списокот, се пријавија како дооброволци во ИХФ да ја тестираат казната за шут во лице.
Досега, кога голманите ќе добиеја топка во лице можеше да се мине и без казна. Но, во Шведска неколку голмани добиле „потрес', па сега сакаат една година пред сите да воведат задолжителна казна.
Две минунти се задолжителни доколку играч шутне во лице на голман. Исклучок е кога играчот е изместен од рамнотежа и не може да го контролира шутот. Казната може да биде и црвен картон доколу судијата процени дека е намерно или од негрижа.
Другите две промени се однесуваат на брзиот центар и пасивната игра.
Брзиот центар ќе биде уште побрз, затоа што ќе биде дозволено нападот да почне во радиус од 3.5 или 4.5 метри од центарот.
Се кратат две додавања по сигнализацијата за пасивна игра, па така ќе има само четири паса пред да мора да се шутира на гол.
Овие три промени следната сезона ќе се тестираат, а потоа доколку добијат зелено светло, ќе бидат имплементирани и важечки за сите.