Вардар против Загреб за „Ф4“ на СЕХА

На есен, ќе има само еден. 
Вардар и ППД Загреб се единствените два клуба што учестувале на сите изданија на Фајнал фор во СЕХА лигата. Годнава - нема да биде така. 
Вардар и ППД Загреб ќе се сретнат во 1/4 финалето на СЕХА, под услов Вардар да ја елминира слабата Металопластика. 



Сезонава во СЕХА е прилично контроверзна. Скратен систем  на натпреварување со елиминирање на големите дистанци и директен пласман на Мешков Брест и Веспрем, двата 1/4 финалисти на ЛШ во 1/4 финалето и на СЕХА. 
Сезонава нема да се доигра со крај, туку како што лани одигра Ф4 во Лигата на шампионите, така годинава ќе се игра СЕХА, иако речиси секаде низ Европа првенствата завршуваат во предвидените рокови. СЕХА одамна реши 1/4 финалните натпревари и Ф4 турнирот да бидат дел од новата сезона. Таа одлука останува на сила иако сите 1/4 финални учесници во моментов се елиминирани од Европа.
,
Вардар и ППД Загреб со сосема нови тимови ќе се сретнат во 1/4 финалето. Како ќе изгледа таа пресметка не може да се предвиди, различни ќе бидат сите екипи вклучително и Е: Пелистер и Мешков Брест што ќе се сретнат исто така во 1/4 финалето. 

Фајнал фор турнирот е предивдено да се игра во Задар. Но и зад ова ќе ставиме „ѕвездичка“, затоа што може да се случи Хрватска да нема претставник на Фајнал фор. Доколку Вардар го елиминира ППД Загреб, а извесно Веспрем би требало да биде подобар од Нексе. 

Како и да е во септември ќе има само еден. Вардар или ППД Загреб ќе бидат запишани следната сезона како единствени учесници на сите Ф4 турнири досега. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk