ГОРЕЊЕ - ЦЕЛЈЕ 30-22 (19-10)
Словенија ќе има нов шампион и претставник што ќе бара валјд карта за ЛШ сезонава. Неприкосновениот Целје влезе во резултатска криза каква што немал од распадот на СФРЈ и денеска се збогуваше со реалните шанси да остане на тронот. Им останаа само, оние, романтичните, дека некаде ќе се случи нешто и тие ќе се профитираат.
Целје немаше три порази по ред од распадот на СФРЈ, годинава по серија од 19 победи, вечерва запиша четврти пораз по ред. И тоа од директниот ривал - Горење. И тоа како - со пораз од осум гола разлика, на меч на кој губеше и со 12...
Клубот се обиде да ја спречи кризата со смената на тренеро по трите порази. Оцвирк замина за Лука Жвижеј да продолжи каде што застанаа и тој и Оцвирк. Новиот тренер, Лука Жвижеј беше тренер на јуниорите на Целје и пред да биде назначен за прв тренер, на последниот меч загуби од јуниорите на Горење.
Не може многу што да му се замери на новиот тренер, но и фактот дека првиот тајм аут го побара при резултат 17-9 за противникот нема да изгледа добро во извештаите.
Сега на табелата, на три кола до крајот води Требње со 39 бода пред Целје со 38 и Горење со 37. Но, Горење има и два меча помалку од ривалите и веројатно ќе го претвори тоа во шампионски пехар.