ТРАНСФЕРИ: Банхиди, Жерар, Петерсон...

Бенце Банхиди, еден од најдобрите играчи од новата генерација на унгарски ракометари, го продолжи договорот со Пик Сегед за уште три сезони и останува таму до 2025 година. 



Исландскиот ветеран со литвански корени, Александер Петерсон (40), по кратката полусезонска авантура во Флензбург, следната сезона ќе ги брани боите на Мелзунген. 
Леворакиот бек најголем дел од кариерата мина во РНЛ, но за време на СП Египет беше ангажиран од Флензбург. Поради повреда не одигра многу во овој клуб, а разделбата е нешто очекувано, со оглед на тоа дека и беше ангажиран само како замена за Франц Цемпер. 

Сандро Обрановиќ се враќа во ППД Загреб од редовите на Мешков Брест. Хрватскиот клуб продолжува со враќање на познати играчи во своите редови. Досега тоа го сторија Јаков Гојун, Жељко Муса, Филип Ивиќ, Дино Славиќ и Иван Чупиќ. 

Францускиот репрезентативен голман Винсен Жерар потврди дека во 2022 година заминува од редовите на ПСЖ и ќе се пресели во екипата на Санкт Рафаел. Во ПСЖ тогаш ќе пристигне Торборн Баргеруд, норвешкиот голман кој во меѓувреме една сезона ќе мине во редовите на ГОГ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk