Лајпциг се пофали: Доаѓа Јотиќ од Вардар

Бундеслигашката екипа Лајпциг, денеска го потврди долгонајавуваниот трансфер на Ловро Јотиќ од Вардар. 



По една сезона мината во Битола во редовите на Е. Пелистер и една сезона мината во Скопје во дресот на Вардар 1961, Ловро Јотиќ се сели во Лајпциг, во Бундес лигата. 
Германскиот клуб денеска ја потврди информацијата што подолго време е актуелна низ ракометните медиуми главно низ Македонија. 
Хрватскиот бек имаше релативно успешни сезони во Македонија, со тоа што би рекле дека во годината одиграна во Битола го видовме подоброто од него. 

Вардар 1961 одамна резервираше решение за местото на кое играше Јотиќ, а решението е исто така од Хрватска. Анте Кудуз се сели во Скопје откако ќе го изоди своето парче од „голготата“ во Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk