Хавиер Чави Пасквал и Барса се договориле за раскин на договорот по завршувањето на сезоната, објави шпанскиот спортски весник што важи дека е (по)близок до Барселона - Мундо Депортиво.
Станува ли слободно најпосакуваното тренерско столче во ракометниот свет? Мундо Депортиво вели „да“. Хавиер Чави Пасквал во јуни ќе си замине од клубот каде што работеше од 2009 година.
Не би рекле дека е неочекуван потег, напротив. По доаѓањето на Жоан Лапорта за претседател на ФЦ Барселона, ракометната секција, клубот „Барса“, почна да се соочува со нова ситуација. Заминувањето на Арон Палмарсон е еден голем удар, а заминување на Пасквал, можеби и не толку. Неговиот договор истекува во 2022 година, но смената ќе биде извршена една сезона порано, затоа што ниту тој има доверба во новиот менаџмент, ниту пак тие во него. Што и да се случи во Келн, дури и Барса да стане шампион, следната сезона ќе има нов тренер.
Од наш агол, можеби навикнати на краткото трпение, можеме да кажеме дека Пасквал издржа и предолго, особено по поразите во Келн од Вардар и Кил во моменти кога Барса беше доминантна.