Томовски во Бундес тим на колото!

Македонскиот голман Мартин Томовски е во идеалната постава на 29 коло од Бундес лигата. 



Со 17 интервенции на дуелот со Ерланнген, на кој неговиот Лудвигсхафен победи како гостин (24-19), Мартин Томовски го привлече вниманието кон себе како никогаш досега во германскиот шампионат. 

Неговиот придонес и досега беше ценет и одбележуван, но дуелот со Ерланген беше од поинакво ниво и му донесе за прв пат место во идеалниот тим на колото во Бундес лигата. Тој имаше „индекс“ 189 и ги остави зад себе голманите Небојша Симиќ (Мелзунген, 145) и Јаник Грин (Магдебург, 144).
Освоените 189 бода на Томовски се најдоброто остварување во ова коло. Зад него со 185 е Виго Кристијансон од Штутгарт и веројатно најдобриот играч не само во Бундес лигата туку воопшто сезонава, Јим Готфридсон од Флензбург (181).

Одлична партија имаше и Жарко Пешевски кој постигна пет гола во победата на Штутгарт над Рајн Некар (32-28). Пешевски беше во конкуренција за играч на колото од позицијата пивот. Но, неговиот индекс (127) беше доволен за четврто место. Нешто подобри од него беа Колбахер (130), Фирнхабер (137) и Гедеон Гвардиола (143).  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk