Металург добива големо засилување за најважните натпревари од Супер лигата.
Марко Тарабокија, плејмејкерот на Металург кој се повреди, имаше дилокација на раката се враќа на терен и ќе му биде од помош на клубот од „Автокоманда“ во најважните битки во финишот на сезоната.
Сезоната не е завршена за интернационалецот од БиХ. Благодарение на новиот клупски кинези-терапевт Александар Димитровски (Кинезика) и неговите методи, Тарабокија на терен се враќа побрзо од предвидувањата. Тој веќе беше во составот за дуелот со Струга, изведуваше седмерци, но не е целосно подготвен за игра.
„Тарабокија не е се уште подготвен за игра, но ќе биде за брзо време. Беше во состав, колку да почувствува малку терен. Не би прогнозирал кога ќе се врати, тоа ќе го кажат докторите, но радосни сме што рехабилитацијата оди и добро и брзо“, вели тренерот на скопскиот клуб Иван Марковски.
Металург следниот натпревар го игра во четврток, во рамки на полуфиналето на Куп на Македонија против Вардар и не веруваме дека Тарабокија ќе биде во тимот. Следниот првенствен меч, пак, е со Е. Пелистер 2 на гости, но и тогаш е голем прашалникот. Потоа, веќе веројатноста станува поинаква и во полза на клубот и играчот.