Е. Пелистер донесе засилување од Куба. Се работи за бек што досега играше во Франција, во екипата на Данкерк.
Рејниер Табоада, 23 годишниот Кубанец е новото засилување за битолски Е. Пелистер. Табоада е играч од позицијата лец-централен бек каде што во Пелистер се уште и Мандалиниќ, Периќ, новодојдениот Обрадовиќ, потоа македонскиот талент, Кукуловски, играчот што се уште во водиме како еден од најголемите мак таленти - Марио Танкоски... Во Е. Пелистер се формира силна бековска линија, со повеќе играчи во ротација.
Сезонава во француското првенство Табоада одигра 24 натпревари и постигна 68 гола (2,83 гола по натпревар), а во целата своја кариера во Франција бележи 66 натпревари и 164 гола (2,48 гола по натпревар). Токму вчера реализираше пет гола во победата на Данкерк над Трембле со 28-23. Пред да дојде во Франција, Табоада настапуваше во португалската екипа Аванка, каде постигна 239 гола на 69 натпревари.