Целје направи хаос на табелата во Словенија

Целје имаше перфектен низ од 19 победи на 19 натпревари во шампионатот на Словенија и кога дојде моментот да ја завери шампионската титула, му се случи нешто што се нема случено повеќе од 10 години. 



Целје по серија од 19 победи, претрпе три порази по ред. Такво нешто во домашното првенство му се нема случено повеќе од една деценија. 
Сега врвот на табелата во Словенија е заврзан во јазол што ќе биде пресечен во следното коло. 

Целје запиша три порази по ред. Дома од Горње, потоа од екипата на Копер и вчера од екипата на Тримо Требње. И натаму е лидер на табелата со бод предност пред Требње и два бода повеќе од третипласираниот Горење, но тие имаат и два натпревари помалку. 

Веќе во следното коло Целје ќе гостува во „Рдеча дворана“ кај Горење. Се освен победа на жешкиот терен кај  најголемиот ривал ќе значи и губење на шампионската титула, иако и по тој меч остануваат уште три кола, во шампионатот каде што се може да се случи. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk