Бутел рамноправен, но без бодови

БУТЕЛ СКОПЈЕ - Е. ПЕЛИСТЕР  26-29 (13-16)



Е. Пелистер го совлада Бутел Скопје и ја одложи промоцијата на Вардар во нов шампион пред да се одигра возобновеното дерби на релација Скопје - Битола. 

Бутел Скопје беше рамноправен противник со реални шанси од овој дуел да излезе и со подобар резултат. Барем според движењето на резултатот, иако факт, битолчани ја контролираа средбата, но со доста потрошена енергија и без опуштање на теренот. 

Во првиот дел, дваесетина минути резултатот беше израмнуван, а потоа домашните почнаа повеќе да грешат, гостите успеаја да материјализираат дел од тоа и поведоа со 10-8, потоа и 13-9 со што си направија база за на полувреме да заминат со предност од три гола (16-13). 

Со серија од 5-1 на почетокот на вториот дел гостите дојдоа до водство од 21-14, по што дилемите беа разрешени. Домашните брзо аналураа четири гола од негативата, намалија на 21-24, но не успеаја да внесат вистинска резултатска драма., Е. Пелистер умешно се одбрани, до крајот остана на дистанцата од три гола и ги однесе бодовите за Битола, каде што во следното коло, на 20 мај, доаѓа Вардар  на финална пресметка за шампионскиот пехар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk