Металург ја прокнижи Струга

METAЛУРГ - СТРУГА   35-28 (17-14)



Металург ги поправи грешките од првиот меч со Струга кога прокоцкаа веќе добиен натпревар и одиграа само нерешено. Денеска во Авткоманда скопскиот тим прокнижи три бода и го мина Охрид на табелата и се израмни со четвртопласираниот Бутел. 

Воведните петнаестина миннути му дадоа тон на натпреварот. Благодарение на Даниел Дупјачанец кој во серија по 13 минута имаше 5-6 интервенции по ред, Металург дојде до водство од 10-5 и покрај немалку промашени напади. 
До крајот на полувремето се одржуваше таа разлика, а Струга го затвори првиот дел со пенал по истекот на времето. 

Со серија од 3-0, Металург дојде до 20-14 отворањето на вториот дел и потоа главно околу шест-седум гола се движеше резултатот. 
Натпреварот беше тврд, без особен ритам и силно темпо. Двата тима главно на поставени одбрани напаѓаа, но имаше убави голови, особено од дистанца се истакнуваа голгетерите на двата тима. 
Во финишот се играше и полабаво, за на крајот кога се огласи сирената на семафорот да биде испишано 35-28.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk