Српскиот репрезентативец Немања Обрадовиќ е нов член на Е. Пелистер.
Немања Обрадовиќ, српскиот ракометар кого македонската јавност имаше можност да го запознае од настапите за екипата на Металург, е новото засилулвање за Е. Пелистер.
Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. 30-годишниот лев бек има искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите. Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика. Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург.
По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб. За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.