Македонија ги доби противниците за главната рунда на ЕП. Имаме тешка група, но со ваков систем на натпреварување, нема лесно, нема шанса за поправен.
Селекторот Кирил Лазаров, за g-sport.mk најави дека ќе се фокусираме на тоа што го играме ние, а не на тоа со кого играме.
Одиме по потешкиот пат. Нема изговори. Зависиме од нас и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари.
Противниците се тие што се. Нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се спремиме максимално и ќе го играме секој натпревар на победа.
Ми се допадна една изјава на наш репрезентативец и еден од лидерите на тимот - Николче Митревски:
Ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал.
Веќе од утре почнуваме со подготовки“, изјави селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
Македонија на ЕП е во група со Словенија, Данска и Црна Гора. Две од овие четири репрезентации ќе се пласираат во главната фаза, две заминуваат по три одиграни натпревари.