Металург се спрема за следната сезона. Хрватскиот репрезентативец Златко Хорват го продолжи договорот со Металург за уште две сезони.
Силна најава доаѓа од Автокоманда дека Металург следната сезона ќе биде тим со големи амбиции
Златко Хорват, хрватскиот репрезентативец денеска го продолжи договорот за уште две сезони. Ова е можеби позначаен момент и од неговото доаѓање, затоа што едно е да се донесе врвен играч, сосема друго е тој да сака да остане и да биде дел од тимот и понатаму, иако евидентно и други клубови покажаа заинтересираност да го видат во своите редови.
Со Златко Хорват, Мартин Серафимов, Стефан Додиќ... тренерот Иван Марковски ќе има поставено база за следната сезона, но вистинските засилувања допрва треба да се договорат. Тоа што Хорват ќе биде тука сигурно ќе му олесни на Металург кога ќе се договараат засилувања.
Враќањето на старите патеки е нешто што претседателот на клубот Зорица Блажевска во неколку наврати го најави. Тоа е комплициран процес, но ако остане борбена како и досега има добри шанси да успее.
Металург сезонава практично ја жртвуваше со оглед на тоа дека се играше во Ковид услови, па реши да се фокусира на расчистување на сметките од минатото. За волја на вистината склопи тим доволно силен за да се пласира во групната фаза од ЕЛ, но вистинското враќање на старите патеки почнува следната сезона.
Најважната задача сега е да се обезбеди место во Европа и добра стартна позиција, но сеедно, следната сезона во првенството во регуларниот дел
„Златко Хорват е мој избор со кој посебно се гордеам, како играч, како личност, како другар, одличен за играчки табор, посветен како пример за останатите играчи. Кога пред година дена одлучив да се обидам да го донесам во Металург, знаев дека носам бренд и едно од најдобрите светски десни крила. Сега, на крајот од сезоната, го продолжувам договорот за уште две години, со столб на екипата, поддршка во секој поглед, изјави претседателот на клубот Зорица Блажевска.