Ракометарите со вкупна премија од 50.000 евра

Ракометната федерација на Македонија, по претходно утврдените премии за настапот на ракометарите во квалификациите за ЕП 2022, ќе им исплати на играчите вкупна премија од 50.000 евра. 





За победата над светскиот и олимписки првак Данска, играчите веќе поделија премија од 20.000 евра. Ракометната Федерација на Македонија ќе им исплати уште 30.000 евра за пласманот на ЕП 2022, вклучително со освоеното второ место и освоените 10 бода во текот на квалификациите. 

Македонија во овие квалификации оствари пет победи и еден пораз и заврши на второто место во групата со ист број бодови, но послаб меѓусебен скор од светскиот првак Данска. 
Нивниот труд и резултати се вистински вреднувани од страна на РФМ, а 50.000 евра воопшто не е занемарлива сума што ќе легне на сметка на играчите. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk