Мелзунген резервира хрватски бек

Еден од најголемите хрватски таленти, десниот бек Иван Мартиновиќ. една година пред истекот на договорот, потпиша за друг клуб.



Леворакиот бек Иван Мартиновиќ (23), соиграч на Филип Кузмановски во Хановер, потпиша договор со Мелзунген, една година пред истекот на договорот со сегашниот клуб. 

Мартиновиќ е Хрват роден во Австрија и во неговата кариера нема играно за хрватски клуб, иако ја одбра хрватската репрезентација. За разлика од него, неговите брат и сестра, кои се исто така ракометари, одлучија да играат за Австрија.
Според статистиката и статусот, многу повеќе му годи играње во Бундес лига отколку во репрезентација. Шпанскиот тренер на Хановер, Карлос Ортега во целост ги користи неговите голгетерски способности и таму со 97 гола од 22 меча, Мартиновиќ е најдобриот стрелец во тимот.
За разлика од Ортега, Лино Червар, па и сега Хрвоје Хорват не можат да го извадат најдоброто од овој играч во настапите за хрватската репрезентација. 

Мелзунген познат и по тоа што долгорочно размислува, веќе го резервира хрватскиот бек. Тој потпиша двегодишен договор со нив и во јуни 2022 се сели во оваа екипа. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk