Куп на Македонија: Металург против Вардар на „Ф4“

Денеска во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени полуфиналните парови од Фајнал фор турнирот од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. 



Вардар и Металург, последните финалисти на Куп на Македонија, годинава ќе играат во полуфиналето на Фајнал фор турнирот. Еурофарм Пелистер, пак, ќе игра против Бутел Скопје. 

Најдобрите четири екипи од Куп-натпреварувањето ќе се сретнат на полуфинални пресметки на 14 мај во Автокоманда. Финалето ќе се игра на 16 мај. 

Денеска беа одредени и полуфиналните парови од Куп на Македонија во женска конкуренција. И овој турнир ќе се игра во Автокоманда, а ќе го организира РФМ. 
Металург во полуфинале ќе игра против Куманово, а другата полуфинална двојка е Вардар - Чаир. 
Полуфиналето ќе се игра на 15 мај, а финалето е во истиот ден како и машкото финале - 16 мај. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk