Лазаров одбра за Финска, двајца остануваат во Скопје

Селекторот Кирил Лазаров денеска го состави конечниот список на патиници за Финска. Двајца ракометари остануваат во Скопје.



Селекторот Кирил Лазаров денеска го состави финалниот список на патници за Финска. Денеска во чартерот за Хелсинки ќе се најдат 17 ракометари плус Кирил Лазаров и Филип Миркуловски кои имаат двојна улога и како играчи и како дел од тренерскиот тим.  

Двајца ракометари остануваат во Скопје, тоа се Михаил Аларов пикерот на Т. Пролет и Емилијан Ѓорговски, левиот бек на Голден Арт КЛ7. 
Тие заедно со трите резерви (Кукуловски, Атанасијевиќ и Цветаноски) повторно ќе ѝ се приклучат на репрезентацијата во четврток и ќе конкурираат заедно со другите ракометари за место во тимот што на 2 мај ќе игра во Скопје против Швајцарија. 

Македонската репрезентација попладнево (16:30) заминува за Финска, а утре ќе го одигра претпоследниот меч од квалификациите.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk