Данецот (ќе) си оди од Веспрем

Николај Маркусен, 211 сантиметри високиот лев бек на Веспрем ќе си оди од клубот штом му истече договорот. 



Враќањето на Микел Хансен во првенството на Данска од 2022 година влијае како ракетно гориво за данскиот ракомет. 
Алборг ги носи Микел Хансен, Арон Палмарсон, Јеспер Нилсен, Кристијан Бјорнсен и Мартин Ларсен, данските медиуми веќе го пакуваат и Мадс Менса Ларсен, сигурно тука место ќе се најде за уште некоја позната ѕвезда. Целиот проект ги разбуди и другите клубови, па така ГОГ ги задржа Гидсел и Мортен Олсен, а за следната сезона на голот ќе го има и Торборн Баргеруд. 

Дојде редот и на Холстебро, овој клуб се договори со 211 сантиметри високиот лев бек на Веспрем, Николај Маркусен. 
Овој повремен дански репрезентативец е член на екипата на Веспрем, но таму нема главна улога, со оглед на големата конкуренција во ротацијата на неговата позиција. 
Бундеслигашките екипи веќе почнаа да праќаат понуди за играчот на Холстебро, Арон Менсинг. Тој е дел од „репрезентацијата во развој“ и неодамна одбра меѓу Данска и Германија, да игра за Данска. Клубот, во Маркусен гледа решение на проблемот што би настанал со можното заминување на Менсинг., велат данските медиуми. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk