Рускиот тим Донски козаци, до пред две години позната како Таганрог, за следната сезона донесе две звучни имиња во својот тим.
Украинскиот стретег Сергеј Бебешко, патем сопственик и на шпански пасош, одново е во игра. Откако се распадна проектот на кој работеше во Романија, сега стана шеф на нов проект, во Русија.
Сергеј Бебешко ќе биде новиот тренер на руската екипа Донски козаци од Таганрог. Со работа почнува откако оваа сезона ќе заврши.
Првото засилување што доаѓа со Бебешко во Таганрог е натурализираниот голман Игор Чуприна. Тој е долгогодишен чувар на мрежата на Татран Прешов и словачки репрезентативец.
Со доаѓањето на овие две познати имиња, Донски козаци сигурно ќе стана магнет и за други играчи од регионот што сакаат да играат во Русија, но не се вклопуваат во шемите на двата најсилни клуба - Чеховски медведи и ЦСКА Москва.