Лазаров: Победници сме, сакаме да победуваме

Машката репрезентација на Македонија денеска веќе одработе два тренинга, утре одново целиот ден ќе го има посветено да мечот со Финска, заклучно со патувањето за Рихимаки.



Опуштање под команда на Кирил Лазаров нема да има. Самиот вели дека со целиот стручен штаб работат на формирање на еден нов продукт, репрезентација во која ќе бидат вклучени и млади играчи, но местото во тимот мора да се заслужи.

„Колку и да сме опуштени и релаксирани со затоа практично сме веќе пласирани на Европското првенство во Унгарија и Словачка, мојот карактер како и карактерот на стручниот штаб нема да дозволи да се опуштиме.
Ние сме победници и сакаме да победуваме. 
Имаме голема желба, мотив и ентузијазам да создадеме нешто ново, нов производ. Ќе ги сфатиме максимално сериозно мечевите против Финска и Швајцарија.
Да не да се навраќам на тоа дека немаме многу време за подготовка, тоа е што е. Ни се приклучи и Миркуловски, тој вчера имаше натпревар, но искусни сме во тие ситуации, знаеме дека мора да одмориме еден ден. Утре и ние и се приклучуваме на екипата“ – изјави Лазаров. 

„Ја анализавме Финска, составот, играта. Можам да кажам дека ние сме фаворити на тој натпревар и така и ќе се поставиме“, вели селекторот. 

Македонија и Финска својот меч од квалификациите ќе го играат во среда, а потоа останува во недела да се заокруѓат квалификациите со дуелот со Швајцарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk