Не се само играчите: На Данска и се повреди селекторот

Можно ли е Данска да доживее и втор шок во квалификациите? На средбата со Швајцарија нема да фалат само играчи...



Микел Хансен, Никлас Ландин, Ханс Линдберг, Тофт Хансен... ова се дел од играчите што нема да играат против Швајцарија и Финска во последните две кола од квалификациите за ЕП 2022 за репрезентацијата на Данска. 

Не клупата нема да биде ниту Николај Јакобсен. Некогашното крило на Кил деновива плаќа сметка за напорните ракометарски денови. 
Тој пред две недели беше на операција, сега има ново вештачко колено и се уште оди со помош на штаки. Затоа и ќе биде поштеден и нема да биде на клупата, иако тој го селектираше тимот во кој недостасуваат многу играчи. 

За Швајцарија овој меч е да се биде или не. Ако победат имаат шанса и со два бода да се пласираат на ЕП. Ако не, последната шанса ќе им биде во Скопје. 
Но, Данска без споменатите играчи и селекторот, можеби е ранлива. Анди Шмит и друштвото сигурно ќе направат се за да победат. Им посакуваме победа, на тој начин Македонија би можела да биде и прва во групата и да се пласира во вториот шешир. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk