Три Германци и Висла на Фајнал фор

На Фајнал фор турнирот во Манхајм, во првото издание на Европската лига во новиот формат, ќе играат три германски и една полска екипа. 



Магдебург, Рајн Некар Ловен, Фуксе Берлин и Висла Плоцк се четирите учесници на првиот Фајнал фор на Европската лига. 
Вечерва по вистинска драма Висла ја совлада екипата на ГОГ со 31-26. На првиот меч беше 30-27 за ГОГ. Данците имаа напад за семдерци при 30-26, но не мина цепелинот на Олсен и Гидсел и Висла постигна гол на празна мрежа за 31-26.

Фуксе Берлин одигра многу подобар меч отколку пред седум дена во Франција и минусот од три гола од Монпеље, го анулираше со победа од осум гола разлика на реваншот. 

РНЛ со десет гола разлика го совлада Ч. Медведи (37-37) и ги стиша руските фанови кои во пресрет на мечот упатија отворено писмо до Сергеј Шишкарев (претседател на руската ракометна федерација) во бараа тој да протестира што Манхјам. домот на РНЛ е одреден за домаќин на Фајнал фор пред да обезбеди пласман. Ч. Медведи имаа гол предност пред реваншот, но по денешниот меч немаат многу основи за да протестираат. 

Финално, Магдебург со две победи на Кристијанштад го верификуваше својот пласман на Ф4. Вечерва во Германија беше 39-31. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk