Симовски: Не одигравме тоа што се договаравме и трениравме

Женската репрезнтација на Македонија е практично елиминирана во баражот за СП Шпанија, откако вчера како гостин загуби од Романија со 11 гола разлика (22-33). 



Надежите и желбите се едно, реалноста друго. Македонија вчера во Букурешт имаше средба со тоа другото. Пораз од 11 гола разлика и загубени шанси да се пласира на мундијал е епилогот од првиот меч. Реваншот ќе биде формалност во поглед на пласманот за СП, но за Македонија како домаќин на следното ЕП одмерување на сили со репрезентација од поинков ранг, треба да се гледа како шанса нешто да се научи. И како треба и како не треба. 

Македонија не изгледаше лошо за „11“ гола во најголемиот дел од натпреварот. Романките до оваа предност дојдоа во последните 15 минути, но реалноста е таа дека тие се екипа од повисок ранг. 

„Не сум задоволен, резултатски не поминавме добро“, вели селекторот на македонската репрезентација Симе Симовски. „Одбраната ни беше лоша, немавме поддршка од голманите, промашивме три седмерци... да имавме барем 3-4 одбрани плус од голман и да ги погодевме седмерците, немаше да биде 11, ќе беше помала за неколку гола таа разлика.
Настрана ова, не ни одигравме како што се договаравме. Тоа што го работевме на тренинг и функционираше ми даваше надеж. Но, на терен не беше така. Вооопшто не сум задоволен како некои играчи го одработеа тоа што го договаравме. Не напаѓаа во простор каде и како што требаше, плус уште многи други работи.
Ќе гледаме да отстраниме од овие негативности колку што ќе можеме следниве денови и да одиграме подобар натпревар во Скопје“, изјави за g-sport.mk селекторот Симовски. 

Средбата во Скопје се игра на 21 април со почеток од 17:00 часот во салата „Јане Сандански“. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk