ПИК Сегед нема пари за Блонц

Унгарскиот клуб се договори за трансфер на норвешкото крило, но тешко се обезбедуваат пари. 



Норвешкиот репрезентативец кој патем има и француски пасош, Александер Кристоферсон Блонц, блесна на почетокот на минатата сезона и веднаш стана интересен за повеќе екипи. 
Норвежаните поради високите давачки тешко можат да ги задржат своите таленти, па главно тие заминуваат некаде каде што нето платата е повисока. 

За дваесет годишниот Блонц заинтересираност покажаа повеќе екипи, но најбрз на чкрапалото беше ПИК Сегед. И тие постигнаа договор со Блонц и Елверум, но трансферот веројатно нема да биде реализиран. 

Сегед имаше обврски, финансиски за да го добие овој играч, но не ги исполни. Ковид криза и се што пандемијата донесе во бизнисот/буџетот на клубот не се поклопи низ бројки со желбите и плановите и овој трансфер сега „виси“. Сегед нема (уплатено) пари за Александер Блонц и тој најверојатно и следната сезона ќе биде играч на Елверум. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk