РНЛ најде замена за Мартин Швалб. Но, не може да го ангажира веднаш, па затоа ќе импровизира следната сезона.
Харизматичниот Мартин Швалб нема да биде тренер на РНЛ откако ќе заврши тековната сезона. Клубот во меѓувреме реши негова замена да биде Себастијан Хинце од Бергишер.
Но, тој има уште една година договор, а не се договорија РНЛ и Бергишер за предвремен раскин. Но, РНЛ не се откажува од Хице и реши да чека една година додека тој стане слободен.
Во меѓувреме, една сезона ќе има привремено решение. Тоа ќе биде Клаус Гартнер, мастер коуч кој во моментов е асистент на Мартин Швалб.