БУНДЕС: Седмерци го спасија Флензбург

Два седмерци беа досудени во ист напад на помалку од 20 секунди до крајот за лидерот Флензбург. И тоа ги спаси од пораз. 



Флензбург беше многу блиску до моментот да му го препушти врвот на Кил. На гости кај Есен, Флензбург беше „печен“ за пораз. Но, се извлече и победи минимално, 29-28.
Цел меч беше интересен, а финишот беше драматичен. Беше досуден пенал врз Јим Готфридсон во последниот напад при 28-28,. Истиот играч го промаши, односно голманот одбрани, но топката отиде високо во воздух, во кострукцијата од салата и Флензбург доби нов напад и изнуди нов пенал. Овој пар Хампус Ване погоди за 29-28, а Есен во последните три секунди тргна од центар, шутираше и погоди, но сирената беше за дел од секундата побрза, па Флензбург победи и остана лидер со бод предност пред Кил.  

Кил имаше комотна разлика на дуелот со Бергишер (15-11), но премногу се олабавија играчите на Филип Јиха и Бергишер израмни (18-18), по што чешкиот стратег мораше да бара тајм аут и да ги разбуди своите играчи. Потоа, малку Ландин, малку Дувњак и Кил одново се одлепи на плус пет, за на крајот да победи 33-30. 

Македонски дуел имаше во Лудвигсхафен каде што гостуваше Штутгарт. Поранешните соиграчи од Металург, Мартин Томовски и Жарко Пешевски беа на спротивните страни, а победата, очеувано со оглед на важноста на мечот им припадна на домашните. 
Резултатот 28-24 не отсликува реално, Лидвигсхафен доминираше, имаше 8-9 гол предност, а гостите намалија во финишот. 
Мартин Томовски имаше шест интеревенции за околу 30-тина минути минати на терен, Жарко Пешевски постигна еден гол од два обида. 

Вецлар каде играч-тренер е Филип Миркуловски го совлада Берлин (29-27). Миркуловски беше на клупата, а Вецлар релативно лесно го контролираше мечот и имаше 4-6 гола разлика се до финишот кога берлинците намалија, но без шанса за пресврт, исто како што по овој меч остануваат без шанса за Лига на шампиони, а веројатно нема да ја имаат ниту стартната позиција за Европската лига. 

Вечерва се играше и мечот меѓу Лајпциг и Балинген, а победи Лајпциг 26-18. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk