БУТЕЛ СКОПЈЕ - МЕТАЛУРГ 23-23 (11-12)
Стрелци за Бутел: Јефтиќ 7, Стојановски 3, Младеновски 3, Мајиќ, Василевски, Трифковиќ 3, Ѓеорѓиевски 1, Мојсоски 3,
Стрелци за Металург: Хорват 8, Поповиќ 5, Серафимов 6, Клауѓеровиќ 2, Додиќ 2,
И вториот денешен меч од Супер лигата заврши без победник. Во скопски Бутел се водеше жестока битка во која домашниот тим го пречека Металург.
Двата тима можат да жалат за ваквиот епилог, а во исто време да бидат и среќни што освоија бод.
Бутел Скопје подобро го отвори натпреварот и поведе со 4-1, 5-2, но не успеа да го задржи почетниот ритам, а Металург преку Поповиќ и Хорват успеа брзо да се врати во игра и израмни на 5-5.
Бутел поведе уште двапати пред Металург по израмнувањето од 7-7, да ја преземе резултатската контрола и да премине во водство. Највисокото водство на гостите во првиот дел беше два гола, 11-9 и 12-10, но пред да се замине на одмор, Бутел постигна уште еден гол и на полувреме резултатот беше 12-11.
Во многу сличен ритам се играше и во второто полувреме. Металург поведе со 13-11, но и гостинскиот состав не можеше да влезе во ритам со кој би го пресекол противникот и би стигнал до покомотна позиција. Бутел израмни на 14-14, потоа и на 15-15, 16-16, пред Металург одново да врзе два гола во серија и да дојде во позиција да брани плус два или плус еден гол (18-16, 19-17).
Бутел одново израмни 19-19, а малку подоцна успеа да премина за прв пат во вториот дел во водство (21-20)
Металург со толку тесен ростер по неколку повреди мораше да игра и со Хорват на центар. Направи две технички грешки при 21-21 и тоа го одведе во негатива од 21-23, но Дупјачанец со две интеревенции го врати во живот тимот од „Автокоманда“, Хорват и Серафимов погодија за 23-23, а потоа добија и напад за водство, но Мојсоски одлично одигра во одбрана и Бутел на две минути до крајот тргна во напад за водство.
Не успеаја ни тие, а ни Калуѓеровиќ во последниот напад направи чекори и на Бутел му останаа 11 секунди за последен напад.
Даниел Дупјачанец со својата 13 одбрана го спаси Металург од пораз и бодовите беа поделени.