Езерското дерби без победник

СТРУГА - ОХРИД   17-17 (8-8)
Стрелци Струга: Ракоција 5, Рајатовски 3, Николиќ 3, Пајкоски 3, Симоноски 2, Димитријевски 1
Стрелци Охрид: Блажевски 5, Тот 5, Манасков 3, Чагаљ 3, Кривокапиќ 1



Дуелот меѓу Струга и Охрид ги надмина очекувањата во поглед на изедначеноста и резултатската неизвесност. Долга беше битката гол за гол, во која за нијанса подобри моменти имаше Охрид во првиот дел (7-5, 8-6). Струга, пак водеше на почетокот, а потоа откако израмни на полувреме (8-8), одново на почетокот, но на вториот дел поведе со 9-8 и потоа постојано водеше, а Охрид израмнуваше се до 14-14, кога гостите одново се вратија во предност (16-14). 
Вукашин Ракоција го предводеше струшкиот тим со пет постигнати гол во тој период, Бојан Блажески со исто толку голови беше прв стрелец на охриѓани. 
Струга израмни (17-17), а потоа следеше драматичен финиш, Стојановиќ побара тајм аут, Охрид имаше последен напад, но стружани навреме направија фаул и времето истече, а последниот шут на гостите заврши покрај голот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk