РНЛ и Баја Маре домаќини на „Ф4“ на Европска лига

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги одбра домаќините на Фајнал Фор турнирите во Европската лига. 



„САП Арена“ во Манхајм, домот на Рајн Некар Ловен и „Поливалента“ во Баја Маре домот на истоимената женса романска екипа се годинешните домаќини, на Фајнал Фор турнирите на новоформираната Европска лига. 

РНЛ се уште нема обезбедено пласман на Ф4, на реваншот на свој терен ќе треба да надополнат минус еден на дуелот со Чеховски медведи, додека во женска конкуренција, Баја Маре веќе е пласирана на Ф4, а таму ќе бидат уште и Икаст (Данска), Нант (Франција) и Шиофок (Унгарија). 

„Ф4“ во машка конкуренција ќе се игра на 22 и 23 мај, а во женска конкуренција на 8 и 9 мај. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk