E. Пелистер по бодови за прво место

Е. Пелистер денеска гостува кај Татран Прешов на меч кој може да му ја промени на подобро целата сезона. 



Е. Пелистер денеска се среќава со Татран Прешов на гостински терен, на натпреват од СЕХА Гаспром првенството. За Е. Пелистер навидум неважниот меч, сега стана битен и може да им ја промени сезоната на подобро. 

Е. Пелистер се бори со ППД Загреб за првото место на табелата во групата. Овојувањето на првото место е исклучително важно затоа што така се избегнува дуел со Мешков Брест во 1/4 финалето. 
Битолчани имаат ист број на бодови со ППД Загреб, екипа која е во голема криза затоа што целиот тим е во карантин и им се заканува и службена елиминација од ЛШ. Ова е шанса плус за Пелистер. 
Нема да им биде завршена работата со победа, ќе мора да ги совладаат уште и Металопластика и ППД Загреб и тоа со повеќе од три гола разлика и на тој начин најверојатно да дојдат со дуел со Вардар. 

Ако се оствари ова сценарио, тогаш Македонија сигурно ќе има претставник на Фајнал фор турнирот што ќе се игра веројатно во септември (таква е барем засега најавата), со нови екипи, нови состави и тогаш ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на терен. 

За битолчани во моментов е битно да победат и заради самите себе, за враќање на самодовербата, смирување на своите навивачи и најава за подобри изданија и во првенството и во продолжението на СЕХА. 
Натпреварот почнува во 17:45 часот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk