Лоши вести добија рускиот бек Александар Шкуринскиј и екипите на Мешков Брест и Нант.
Сезоната е завршена за еден од најдобрите руски играчи, бекот на Мешков Брест, Александар Шкурински. Тој се повреди, а снимите покажаа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти. Најракометната повреда, вообичаено значи шест месеци пауза.
Сезоната за Шкуринскиј е завршена и Мешков Брест останува ослабен, но до јуни. Потоа „секирациите“ за здравјето на Русинот треба да ги преземе францускиот клуб Нант.
Александар Шкурински требаше да биде носител на играта на изменетиот проект Нант каде што летово ќе има големи играчки промени во кои ќе бидат вклучени најмалку петнаесетина ракометари во два правца.