Безброј пати минатава сезона се среќававме со името Славко Голужа кога се работеше за потенцијален трансфер.
Хрватскиот тренер Славко Голужа има таква карма што неговото име редовно се појавува како опција по речиси која било тренерска смена на Балканот. Така беше за ППД Загреб, Е. Пелистер, Металург, но ништо од сите тие шпекулации.
Денеска словачкиот шампион, Татран Прешов кој е и противник на Е: Пелистер на следниот натпревар во СЕХА Гаспром, објави дека постигнал договор со Голужа за продолжување на соработката и за следната сезона.