На ППД Загреб му се заканува службена елиминација од Лигата на шампионите.
Повеќето ракометари на ППД Загреб се позитивни или во изолација и значително се намалени шансите овој клуб да ги одигра двете средби со Флензбург од 1/8 финалето на ЛШ.
„На располагање имам само пет играчи. Марковчиќ, Влах, Срна, Периќ и Краљевиќ“, изјави Ивица Обрван. „ Се што работевме е поништено. Сега сме во фаза која не говори ништо добро. Ќе мораме да се стрпиме“.
Мали се шансите до вторник да се сменат работите, а од ЕХФ, ППД Загреб доби препорака да се вакцинира.
Годинава ППД Загреб е во најлоша ситуација од онаа кога од Метковиќ Јамбо требаше да го загуби шампионскиот пехар. Тој е единствената неосвоена тврдина во Европа, но Нексе годинава има единствена шанса пред во Загреб да стигнат Чупиќ, Муса... Ќе биде многу интересно да се види дали клубот од Нашице е дораснат да стане првак на Хрватска.