Одличниот Mитревски го одбрани Порто

Одиграни се првите 1/8 финални натпревари од Лигата на шампионите во која се одговорени неколку прашања околу патниците во 1/4 финалето, но ќе има борба и следната недела. 



Порто и Алборг очекувано одиграа неизвесен натпревар во „Драгао“ по кој на ревашнот во Данска, екипата на Никола Митревски ќе патува со три гола предност (32-29). 
Порто имаше и плус шест, имаше и плус четири во неколку наврати, но и Алборг во вториот дел неколкупати израмнуваше, па се закани и со комплетен пресврт. 

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше една од клучните фигури на теренот што не дозволи пресврт. Во неколку наврати, кога Данците кои исто така на период имаа расположен голман беа во налет успеваше да одбрани шутеви од чисти позиции и контра напади, а ги спречи и во најголем дел „оние“ шутеви што добар голман треба да ги одбрани. Не дозволи комплетен пресврт. 
Средбата ја заврши со 11 интервенции според службената, две плус според наша статистика, но Х-фактор во овие интервенции се моментите и тежината. 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ:
Вардар  - Веспрем 27-41
Порто - Алборг  32-29
Мотор - Мешков  32-30
ПСЖ - Целје  37-24
ПИК Сегед - Кил  28-33
Нант - Келце  24-25
Барса  - Елверум  денеска
ППД Загреб - Флензбург одл. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk