Лајпциг ќе го бара Јотиќ од Вардар

Германскиот клуб Лајпциг го има на ум ракометарот на Вардар, Ловро Јотиќ како потенцијално засилување за следната сезона. 



Германскиот Лајпциг во која има неколку повредени играчи, запиша три порази по ред, а на следните два натпревари противници ќе му бидат Кил и Берлин, па клубот почна да се преиспитува во поглед на играчкиот кадар. 

Како замена за Филип Вебер кој оди во Магдебург, Лајпциг имаше намера да го доведе Лук Стајнс, брзиот плејмејкер од Холандија кој во моментов како позајмен играч од Тулуз игра во ПСЖ, но се чини дека овој трансфер нема да се реализира. 

Затоа екипата разгледува други варијанти, а Ловро Јотиќ (26) бекот на Вардар е прва од опциите за која е заинтересиран германскиот клуб објави германскиот весник „Билд“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk