Обрадовиќ од шпилот извлече шут-карта

Женската репрезентација на Србија ќе има нов селектор. Кој ќе биде и кога е отворено прашање.



Србија не се пласираше на ОИ, а ракометарките ќе победат во интерната битка и ќе го сменат селекторот Љубомир Обрадовиќ, со што и прецизно изведено, ќе ја префлрат комплетно на неговата сметка вината за елиминацијата од ОИ. Нему, пак, договорот му истекува во април, а според реакцијата на Милена Делиќ, новиот претседател на РСС сигурно нема да остане, но прашање е дали пред или по баражот за СП.

Љубомир Обрадовиќ е познат како тежок карактер, но од друга страна и грото на репрезентативки на Србија исто така, особено сега кога знаат дека Делиќ дува во нивно едро. 
Лошата атмосфера, меѓусебните препукувања и навредувања доведоа по поразите од Русија и Унгарија да се отворат картите, а една од нив, шут-картата веќе му е поделена на Обрадовиќ.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk