Е. Пелистер денеска без Карим Хендави на дуел со Магдебург.
Голем пех за Е. Пелистер се покажа репрезентативната пауза во која нивното големо засилување, Карим Хендави се врати во Египет за потребите на националниот тим. Египет требаше да игра контрола со Шпанија, таа средба не се одигра, но Карим Хендави се повреди за време на тренинзите.
Повредата не е од сериозен карактер, па дури беше и во комбинација за настап на денешниот дуел. Но, во последен момент Бабиќ реши да го остави на трибини, веројатно и поради тоа што меѓу двата натпревари со Магдебург, Е. Пелистер ќе игра дерби меч со Вардар во Супер лига.
Отсуството на Хендави е хендикеп, но Е. Пелистер има два одлични голмани, Градимир Чаневски и Благојче Трајковски и се надеваме дека денеска ќе имаат добри партии и ќе бидат (позитивен) фактор на натпреварот.
Ослабен доаѓа и Магдебург, нивното засилување Гисли Кристијансон одново го повреди рамото и му претстои долга пауза.