Аитор Арињо (28) е „дете'“ на Барса и играч кој ако ја доврши кариерата во каталонскиот клуб, би можел да стане најуспешниот играч на Барса според бројот на освоени пехари со каталонскиот клуб.
Сезоната за Аитор Арињо е завршена. На првенствен натпревар, ги скина вкрстените лигаменти на коленото на левата нова.
Тоа во ракометот значи пауза од шест месеци, па Арињо многу веројатно нема да стигне навреме и за Олимписките игри во Токио.
Неговата повреда ги разлути ракометарите, а прв се огласи Анхел Фернандез кој ги повика играчите да не молчат и да бидат марионети во ситуација кога здравјето им е загрозено затоа што на секои два-три дена играат натпревари, а немаат паузи за одмор.
Аитор Арињо (28) е „дете'“ на Барса и играч кој ако ја доврши кариерата во каталонскиот клуб, со оглед на возраста и доминацијата на клубот, би можел да стане најуспешниот играч на Барса според бројот на освоени пехари со каталонскиот клуб.
Тој засега има 52 трофеи, а пред него се Масип, О'Калахан, Томас и засега негостижниот Давид Баруфет кој има 71 пехар.